Заев и Шеќеринска ќе ги дадат своите станови како залог само Шиповиќ да не е во притвор


Поддржувачите на Шиповиќ денеска мирно го искажаа својот револт пред Основниот суд – за одлуката тој да биде притворен.

zaev sekjerinskaПретседателот на СДСМ, Зоран Заев,понудил и гаранција со имот за Шоповиќ да се брани од слобода и да не биде притворен бидејќи со тоа е доведено во прашање работењето на Советот на општина Центар.

– Му предочивме на судот дека ги нудиме и нашите имоти, станот мој, на Шекеринска и на други членови од СДСМ, сè со крајна цел да добиеме право за бранење од слобода. Шиповиќ се враќа овде убеден, а со него и ние дека е правичен, дека не се огрешил пред законот.Не сакаме амнестија за Шиповиќ, туку согласно законот без какво било мешање во судската власт бараме правичност и правда за секој од притворените и за секој осомничен досега и во иднина – истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Мирослав Шиповиќ денеска претпладне требаше да слета во Скопје, но на пат кон Македонија утрово беше уапсен во Виена, по распишана меѓународна потерница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1