На македонскиот пазар, како што соопшти АХВ, одобрени за увоз и ставање во промет се производи од брендот Aptamil и Hipp Organic, додека за увоз на производи од брендот Cow and Gate досега не е доставено ниту едно барање, јавува А1Он.
Алуминиумот воопшто не е предмет на контрола со правилниците за млечна и доенечка храна. Во Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти, комплетно усогласен со европската легислатива, не е предвидено испитување алуминиум во која било храна. Алуминиумот како параметар се испитува само во водата за пиење каде според Правилникот, дозволена е вредност од 200 микрограми на литар, наведува АХВ.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна годинава испитале 14 мостри од храна за доенчиња и мали деца, од 7 вида млеко на 7 производители. Добиените резултати од лабараториските испитувања потврдиле дека храната е безбедна.
Агенцијата ги следи сите информации кои се однесуваат на безбедноста на храната за доенчиња и за мали деца на млечна и на житна основа. Ќе продолжи да врши континуирани контроли на пазарот, а доколку се јави потреба, ќе интервенира.
Странските медиуми јавивја дека опасни количини на метали се најдени во овие 3 млека за новороденчиња – повеќе инфо прочитајте на следниот линк
Ги трујат децата – опасни метали најдени во млекото за бебиња на Aptamil, Hipp Organic и Cow and Gate