Наскоро 2 нови песни од Тоше на англиски јазик – утре навршуваат 6 години откако замина од овој свет


Со литургија за помен и неколку културно-уметнички активности, Крушево утре ќе ја одбележи шестгодишнината од смртта на легендата Тоше Проески.

spek-toseВо црквата во неговото родно Крушево, утре, во 6,20 часот, во времето кога пред шест години се случи трагедијата крај Нова Градишка, ќе се одржи литургија во спомен на прерано починатата пејачка ѕвезда. Одбележувањето ќе продолжи во 10,30 часот со членовите на ликовната секција од ОУ „Никола Карев“ (училиштето во кое учел и Проески), кои ќе го цртаа ликот на својот идол, а точно напладне се очекува да пристигнат и маратонците кои во чест на Тоше секоја година трчаат од Нова Градишка до Крушево.

Присутните потоа ќе се преселат во Спомен-куќата „Тоше Проески“ каде што ќе бидат интерпретирани литературни творби посветени на Тоше од страна на учениците од средното училиште од Крушево „Наум Наумовски-Борче“.

Паралелно со активностите околу одбележувањето на шестгодишнината од смртта на Тоше, интернационалната фондација „Тоше Проески“ најавува и други проекти. „Во тек е доработка, доснимување на видеозаписот за песната „Жао ми је“, кој беше пронајден во компјутерот на Тоше и кој наскоро ќе и’ биде презентиран на јавноста“, изјави Андреј Николовски, директор на Фондацијата. „Готова е и биографијата на Тоше, а деновиве се работи и на две нови песни, кои ги најдовме во студиото на Енди Рајт, а се отпеани на англиски јазик“

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1