Од што се плашат Тони Зен, Весна Бејбе, …


Во филмот учествуваат: Весна Петрушевска, Јелена Јованова, Тања Кокев, Тони Зен, Винка Саздова, Магдалена Ѓорѓиева и Трајче Стојанов во документарниот филм „Стравот“ зборуваат од што најмногу се плашат.

strav filmФилмот е направен за секој од нас што секојдневно се бори за да преживее и доаѓа до моментот „доста е, веќе не можам“. Кога го менуваме светот, секогаш тргнуваме од себеси. Така и овие седум луѓе решија да тргнат од себе, да ве пуштат во нивната најдлабока интима, да се соголат пред нивниот страв и да ви покажат дека битките нам ни се исти, а непријателот ни е заеднички. И кога веќе сите се бориме со стравот, зошто да не се здружиме? Зошто да не се охрабриме и поддржиме? Зошто да не ги споделиме своите искуства? Зошто да не си помогнеме едни на други? Токму тоа е суштината на овој филм – вели Коста Петров, според чија книга е и снимен документарецот.

Ексклузивното прикажување е закажано за среда, (16 oктомври) во 20:00 часот во Синеплекс во Сити Мол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1