Уште еден Кингер ќе мине по кобната рута кон Мостар каде загина претседателот Трајковски


Уште еден Кингер ќе полета по кобната рута кон Мостар, каде пред 9 години загина претседателот Борис Трајковски и 8 – члената државната делегација.Од Комисијата која ја спроведува втората новоотворена истрага за смртта на Трајковски потврдија дека српската компанија која единствена во регионот има ист модел на Кингер испратила понуда до нив, а таа била прифатена, јавува Канал 5 .

kingerСе уште не е договорено кога ќе биде изведен симулацискиот лет, а сега се проверуваат метеоролошките услови во наредните две недели за да се одлучи кога ќе биде изведен тој лет.

Изнајмувањето кое е на товар на македонската држава чини помалку од 5 илјади евра, а покрај летот во цената е вклучена и калибража на процедурата за да се утврди дали во февруари 2004-та имало грешки и пропусти. Калибражата е поскапиот дел од изнајмувањето и проверката и чини помеѓу 12 и 20 илјади евра, тврдат од Комисијата за Канал 5. Но поради солидарноста на балканските авијации и во интерес на истрагата за смртта на Трајковски српската фирма -сопственик на Кингерот ја намалила цената.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1