Почина бебето без матичен број – судбина која го крена Балканот на нозе


Мајката на малата Белмина Ибришевиќ, бебето кое го крена Балаканот на нозе објави дека малата Белима не издржала и ја загуби битката со животот.

BELMINA_579266S1Бебето починало во болница во Германија и мајката бара помош од луѓето телото на девојчето да се врати назад во Босна за погребот. Потребни им се околу 2.500 евра. Инаку малата Белмина, уште по раѓањето боледуваше од тешка имунолошка болест и мораше во Германија на трансплантација и лекување – но неможеше да замине бидејќи немаше матичен број – неопходен за да и се издаде пасош.

Нејзината приказна го трогна Балканот а во Босна се кренаа и големи протести за да се притисне власта да го донесе законот за бебињата родени во 2013 да добијат брзо матичен број. Успеаа но очигледно предоцна за малата Белима. Иако замина во Германија на операција, третманот не вродил со плод..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1