Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко најверојатно ќе си поднесе оставка. За тоа веќе се разговарало во СДСМ, од каде што е делегиран претседателот на ДИК. Информацијата вечерва во интервју за 24 вести ја потврди и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
На новинарско прашање зошто Кондарко не алармира дека има проблеми со избирачкиот список и зошто не си поднесе оставка, Заев вели дека Кондарко најверојатно ќе се збогува со оваа позиција.
“Најверојатно и ќе си поднесе оставка. Ние веќе разговараме за оваа работа, бидејќи ова веќе не е издржливо. Не може да носите вина. Министерството за внатрешни работи го комплетира избирачкиот список“ – вели Заев.
Тој смета дека Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список бидејќи во ДИК нема мнозинство.