Грдите траги на прашина од радијаторите ќе исчезнат ако ги истриете со крпа натопена во сок од лимон.
Радијаторите полесно ќе ги одржувате ако ги миете еднаш месечно со топла вода, во која сте ставиле малку течен детергент. Потоа, уште треба да ги исплакнете со вода и да ги пребришете со чиста крпа
Прашината помеѓу ребрата на радијаторите ќе ја исчистите со тркалезна четка со долга рачка, или со стара четкичка за заби.
Пред почетокот на грејната сезона проверете ги вентилите на радијаторите. Ако пропуштаат вода или ако не функционираат вентилите, веднаш повикајте мајстор сето тоа да го поправи пред да почнете со чистењето.
Електричните, термо, на плин или печките на дрва и јаглен чистете ги еднаш неделно. Надворешните ѕидови пребришете ги со влажна, па исушете ги со сува крпа. Но, само кога се исклучени и ладни!
Vest