Во учебници на грчки ученици, Македонија запишана под уставно име


Во учебниците на грчките средношколци Македонија може да се сретне запишана под уставно и историско име, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Станува збор за мапа што датира од периодот по Втората светска војна објавена во учебниците на грчките матуранти.

Под насловот „ШОК: Македонија наместо Скопје во книгите за трета година средно”, дел од грчките портали и блогови пишуваат: „На картата на 130-та страница од книгата, Скопје е запишано како посебна држава Македонија”, стои во текстовите.

makedonija karta grcki ucebnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1