Нов тип на ХИВ вирус со „голема брзина“ се шири низ Русија


Научниците од истражувачкиот центар во Сибир откриле нов вид на ХИВ вирус во Русија кој се шири со „голема брзина“, пренесуваат руските медиуми

HIV-virusПод типот, познат како 02_АГ/А,  прв пат е откриен во сибирскиот град  Новосибирск во 2006 година, а сега е предизвикувачот за зголемување на 50 отсто од новите заразени лица во овој регион, наведуваат во Центарот за вирологија Вектор.

Бројот на ХИВ позитивни лица во регионот на Новосибирск пораснал за 2.000 од 2007 година на 15.000 минатата година.

– Тоа би можел да биде највиртуелниот вид на ХИВ во Русија, изјавила Наталија Гажњикова, раководител на Одделот за рeтrовируси во Вектор.

Новиот вирус е откриен и во Чеченија и поранешните советски републики Киргистан и Казахстан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1