УЈП ЈА ЗАТВОРИ ЕДИНСТВЕНАТА ПРОДАВНИЧКА ОД КОЈА КУПУВААТ 6 СЕЛА


Управата за јавни приходи утринава ја затвори единствената продавница од која се снабдуваат  шест села во Лакавичкиот регион. Жителите кои дојдоа да си купат леб се револтирани, бидејќи повеќе од нив се стари и изнемоштени луѓе, кои живеат сами без брачен другар. Сега ќе мора да патуваат 16 километри до следната продавница која се наоѓа на влезот од Штип. Во селото Лакавица живеат околу 150 жители, но оваа продавница е единствена и за жителите од околните села Балталија, Горачино, Пухче, Степанци и Суво грло, каде исто така живеат само стари луѓе, јавува Телма

PLOMBA_VRATAРеволтираните жители на лакавичкиот регион кои егзистираат од тутун и земјоделство велат дека сега не знаат од каде да ги купуваат основните намирници, бидејќи секојдневно да се патува до Штип за нив е луксуз.

Сопствениците на продавницата веќе имаат казна од 4.750 евра која треба да ја платат на УЈП. Не сакаа да говорат пред камера, но велат дека по оваа казна веќе не размислуваат повторно да ја отворат. Жителите на село Лакавица најавија дека вечерва ќе имаат средба на која ќе одлучат какви мерки ќе преземат, а најрадикалната е блокада на патот Штип-Радовиш кој поминува низ сред село.

Бараат државата да ги намали драконските  парични казни или пак  сопствениците на вакви дуќани најпрвин да ги опоменува ,  и да има поголема хуманост   кон обичните луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1