Граѓаните одлучија: Вака ќе изгледаат плажите во Дојран и Преспа (ГАЛЕРИЈА)


Заврши анкетата на Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно девет идејни решенија, од кои четири за плажи на Преспанското Езеро и пет за плажи на Дојранското Езеро кои пристигнаа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на езерата, објавен во август годинава.

aa1Согласно резултатите од електронското гласање, за идејно решение за плажите Граница, Титови пионери, Калдрма, Карач, Градска плажа и Стара Мрдаја на Дојранско Езеро, од вкупно 1.492 гласови, идејното решение бр.1 доби 49% од вкупниот број на  гласови, идејното решение бр.2 доби 19% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 3 доби 2% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 4 доби  12% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 5 доби 18% од вкупниот број на гласови.

Сервисниот пункт на плажите треба да има шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Треба да биде обележан просторот за капење во езерото заради заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување, а местото за седење на спасителот да се осмисли во духот на целата плажа. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава и престој.

Сите идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи можат да се видат на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk – НА следниов линк.

plaza dojran3

plaza dojran2

plaza dojran

plaza 3

aa1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1