gevgelijaОд силните налети на ветерот, соборено е повеќегодишно дрво во дворот на Управата за јавни приходи, а искршени се и тополите крај патот за Негорци, спроти ладилникот на поранешен „Винојуг“.

Екипи од јавното претпријатие „Комуналец“ ги санираат соборените дрвја кои не предизвикаа поголема штета. Надлежните служби ги поправаат оштетените сообраќајни знаци и неколку рекламни паноа на улицата „7 Ноември“.

Направените штети не предизвикаа застој во сообраќајот.