Младоженецот Александар од Гевгелија (со духовно име Ајодја) и Ена од Скопје (со духовно име Сита Чарана), се Македонци кои ја практикуваат Свесноста на Кришна. Тие судбоносното „Да“ го кажаа според сите индиски традиционални правила и норми, и почитувајќи голем дел од индиските свадбени обичаи.
Церемонијата ја водеше Индрадјумна Свами, духовен учител на младите кој е монах веќе 40 години. На церемонијата беа изведени низа обичаи, како ставање на црвена точка на челото на невестата (која означува дека е мажена), беше запален и оган во кој се фрлаа зачини, ориз и масло, кои се принесуваат како понуда за Богот на Огнот, Агни, а потоа следуваа и четири кружења околу огнот кои ги симболизираат четирите цели во животот:религиски и морални обврски, благосостојба, земни задоволства и духовно спасение и ослободување.
Комплетната фотогалерија како мина свадбата видете ја на -bride.mk