Со кусо соопштение претседателот на ДИК Борис Кондарко извести дека заминува од функцијата – поради лични причини!
„ Ве известувам дека денес, 18.10.2013 година, до Собранието на Република Македонија поднесов оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и согласно одредбите од Изборниот законик побарав на првата наредна седница да биде констатиран престанок на функцијата пред истекот на мандатот.
Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оставката ја поднесувам заради лични причини“ стои во соопштението.