Македонија ќе биде чиста – Се забранува ГМО-храна до влез во ЕУ – а потоа?


Македонија ќе ги забрани производството и прометот на генски модифицираната храна с` додека не стане членка на Европската Унија. За таа цел се менува Законот за безбедност на храната, кој е веќе во собраниска процедура. Со измените се пропишува во иднина секој правилник што ќе се носи од Агенцијата за храна и ветеринарство да мора претходно да добие согласност од Владата.

gmoОсновни решенија на законот се воведување забрана за увоз, производство и ставање во промет на ГМО-храна, производи што содржат-ГМО храна или се составени од ГМО с` до влезот во ЕУ – се вели во предлог-законот.

Во него се пропишува дека ГМО-храната не смее да има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина, да го доведува во заблуда потрошувачот во однос на нејзиниот состав и својства и да се разликува од храната и состојките на храната, кои треба да ги заменат до таа мера, што нивната нормална консумација би имала негативен ефект за потрошувачот.

Исто така, операторот со храна кој прв пат сака да стави во промет ГМО-храна на пазарот во земјава треба да поднесе барање за одобрение за ставање во промет до Агенцијата за храна и ветеринарство, а таа ќе води регистар на одобрени производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како ГМО-храна.

Повеќе на следниот ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1