Разрешен e главниот градежен инспектор на општина Центар, Милан Пижула.
На оваа функција Пижула беше назначен во 2005 година, а одлуката за негово разрешување е донесена по многу жалби од граѓаните, изјави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Тој нагласи дека имало многу поплаки од граѓаните и дека затоа постапил така, но додаде Жерновски, Пижула останува со работно место во општината каде „ќе придонесе со своето искуство“.