Втората вечер на 23-от „Fashion Selection“ помина во знакот на авторската мода каде со своја колекција за претстојната есен/зима се претстави и Ненад Секирарски.
По 12-ти пат како учесник на оваа манифестација уште еднаш белградската публика имаше прилика да ужива во свечените модели инспирирани од португалското фадо изработени од памучна тантела во цврста и структурална форма, лелеави, но и тешки материјале во црна, златна, црвена и мастило сина боја.
Манекенките со суптилна кореографија на длабоки емоции носени со пиетет ја пренесоа приказната на една жена која и покрај длабоките рани на своето срце со љубовта и името на љубовта зрачат со сјај и чиста енергија – со убавина за сите.
Реакциите на публиката во сите медиуми е воодушевување и почит кон колекцијата.
Видео: Ненад Секирарски на „Fashion Selection“ во Белград 2013 година