Паразит му шетал низ устата – на крајот сам го искорнал и го проучил


Jonathan D. Allen објавил во дневникот тропска медицина научен труд но интересно е што овој научник материјалот за овој труд го базирал на соствено искуство со паразит кој му шетал низ устата.

parazit36 годишниот биолог во устата имал Gongylonema pulchrum прво забележал топче а потоа паразитот доползел до неговата уста. Билогот ја фотографирал во обид да го идентификува паразитот.

Отишол на лекар но хирургот не верувал дека е паразит во прашање туку во обична промена на бојата на кожата. Изгубив верба во медицинската професија, изјавил Ален кој наредната ноќ се разбудил во три наутро, ја разбудил и сопругата која му асистирала со батеријска ламба за да тој може сам да си ја направи операцијата и да го отстрани паразитот. го извлекол и видел дека е подолг од 2 сантиметри. Ален во пижами со паразитот во тегла заминал на факултетот. Кога стигнал во лабараторијата наодите покажале дека се работи за Gongylonema pulchrum, а подоцна тоа е потврдено и со ДНК анализа.

Ален е 13 човек во САД кој бил инфициран од овој паразит – и не се знае како бидејќи овој паразит обично го има кај животните а не кај луѓето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1