Ќе ви претставиме рецепт за тесто што можете да го употребите за разни колачи или други јадења, а особено е корисно бидејќи може да стои неколку дена па да го користите кога ќе ви затреба. Варијанти има повеќе, но оваа е домашна и проверена.
Состојки:
1 кг брашно
1 свеж квасец
1 лажица шеќер
2 јајца
2 јогурти
1 прашок за пециво
½ л млеко
За слатко тесто 2 лажици шеќер
За солено тесто 2 лажички сол
Подготовка:
Најпрво во 2 дл топло млеко растворете го квасецот и лажица шеќер и оставете да нарасне.
Заедно измешајте го брашното, квасецот, јајцата, јогуртот, прашокот за пециво, остатокот од млекото и шеќер или сол по потреба.
Покријте со крпа и оставете половина час да нарасне на топло.
Тестото може да се чува во фрижидер до 7 дена, па затоа ставете го во намачкана со масло кеса но поголема бидејќи тестото уште ќе нарасне и добро врзете ја.
Вадете по потреба, кога ќе ви затреба.
Можете да правите и кифлички, така што дополнително ќе користите маргарин кој ќе го премачкувате во повеќе слоеви додека го месите тестото.
Некои од идеите за ова тесто се пица, кифли, погачици, крофни и што ли уште не…по желба.
boza.mk