„Белото циганче“ злоупотребувано во ромскиот камп – излезе ВИДЕО од марија како танцува за пари


Идентитетот на русокосата Марија, која е пронајдена во ромска населба во Грција и понатаму е непознат, но се појави снимка на која се гледа како рускосото девојче танцува со внуката на лидерот на ромскиот камп, Марина Димитроу (21), пренесува Дејли Мејл. Девојчето на снимката збунето и срамежливо се обидува да танцува.

marija1Снимката е направена три недели пред да биде Марија пронајдена од страна на полицијата.

Грчките власти ја пронајдоа Марија во средата, за време на рутински претрес во ромскиот камп во градот Фарсала. По пат на ДНК анализа е утврдено дека Марија не е биолошко дете на Христос Салиса (39) и Елефтерија Димопулу (40), кај кои е пронајдена.

Ромскиот пар е обвинет за киднапирање на детето и би требало во текот на денот да се појават пред суд. Хуманитарната организација, под чија заштита е Марија моментално, тврди дека девојчето било принудено да питачи низ улиците.

Досега полицијата примила околу 8.000 повици поврзани за девојчето, а некои од нив се од САД, Шведска, Франција, Канада и Полска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1