ЗНМ: Шокирани сме од затворската казна за Кежаровски


Здружението на новинари изрази загриженост за одлуката на судот, Кежаровски да се казни со четири и пол години затвор. Според нив не осуден само новинарот кој совесно си ја вршел својата работа, туку во опасност е доведена слободата на изразување и слободата на медиумите.

znmКежаровски е единствен новинар од Југоисточна Европа кој е осуден за напишан текст.

-Здружението на новинарите на Македонија е шокирано од одлуката на основниот суд во Скопје со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор за објавување на текст со кој наводно бил откриен идентитетот на заштитен сведок.

ЗНМ смета дека оваа одлука не го осуди само новинарот Кежаровски, туку е вперена против слободата на изразувањето и слободата на медиуми. Со тоа Македонија стана единствена земја во Југоситочна Европа со осдуен новинар заради напишан текст за злоупотреба на институтот заштитен сведок.

Судот место да го заштити јавниот интерес, застана на страната на злоупотребата, која после ова пресуда доби и судска заштита. Пораката е многу застрашувачка, секој новинар што во иднина ќе открие злоуптреба на власта, ќе заврши во затвор. Ваквото заплашување нема да успее затоа што секој добар новинар во Македонија би го направил тоа што го направи Кежаровски. Сите ние сме Кежаровски.

Убедени сме дека одлуката е во спротивност со судската пракса на Европскиот суд за човекови порава во Стразбур, кое македонското судство е обврзано да го почитуваат затоа што Македонија е потписничка на Европската конвенција. Евидентно е дека судот не направи обид да го примени тестот на пропорциолналност. Кога се одлучува за предмети поврзани со слободата на изразувањето треба да се направи баланс и освен правната регулатива да го земе и во предвид правото на јавноста да знае за злоупотребите на власта, што претставув а највисок јавен интерес . Ваквата одлука на судот не може да се смета за неопходна во демократско општество затоа што не може да има поголем интерес од правото на јавноста да знае за злоупотребите на власта.

Пресудата ќе биде обжалена и се надеваме дека Апелацискиот суд ќе има поголемо разбирање за слободата на изразувањето и заштитата на јавниот интерес, рагираа од здружението на новинари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1