Пазете ги децата – Интернет страница позната по самоубиства популарна и кај македонските тинејџери


Латвиската страница Ask.fm, популарна помеѓу тинејџерите, но позната и по четири самоубиства на малолетници што се поврзуваат во неа, е местото каде што се дружат и македонските адолесценти.

Што е тоа што си можел да го правиш како дете, а сега не можеш? Што беше првото нешто што го направи утрово, се само почетните прашања кога ќе креирате профил на една од најпопуларните социјални мрежи за млади Ask.fm. Но, според кажувањата на тинејџерка од Македонија, која сакаше да остане анонимна, откако ќе стекнете пријатели на мрежата, нивните прашања стануваат непристојни, пишува Телеграф.мк.

azk fm

– Одговорите секако се јавни. И има секакви, деликатни, интимни прашања, навреди, а корисниците со цел да привлечат внимание, постираат видеа, си го раскажуваат животот дека правеле работи што не смеат да ги прават. Секој сам го прави тоа, сам си ја бара бељата, неоправдано според мене – вели средношколката.

Четворица тинејџери оваа година се самоубија бидејќи биле исмејувани, малтретирани и тероризирани на интернет-страницата Ask.fm.

– Има многу мои врсници што веруваат дека популарноста, коментарите и лајковите на „Фејсбук“ се суд за тоа колку е некој убав, а искрено никој од нас не е имун на тоа, па „Фејсбук“ станува главна причина за губење на самодовербата.

Постирање видеоматеријали со сексуални содржини од страна на малолетници, со цел да го нарушат угледот на друг врсник, тинејџерки на возраст од 13, 14 години во разголени изданија, со истакнати женски атрибути, со провокативно наместени усни и држење на телото, креирање лажни профили во туѓо име, се само дел од активностите за кои предупредуваат невладините организации, психолозите, а кои се однесуваат на активности кои младите ги прават на социјалните мрежи.

Повеќе на – Телеграф.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1