Клара Усон, 52 – годишна писателка од Барселона неодамна го напишала романот „Ќерка од Истокот“, чијшто главен јунак е Ана Младиќ, трагично починатата ќерка на генералот Ратко Младиќ, но како што и самата вели врз основа на биографски податоци, трачеви и претпоставки кои кружеле во врска со овој настан.
Клара цели три години интензивно собирала материјал, сложувајќи го мозаикот на реалноста и фикцијата. Покрај читателите, книгата брзо освоила и две престижни шпански награди. Клара вели дека ја привлекол ликот на Ана Младиќ бидејќи била привлечна и ведра девојка, еден од најдобрите студенти на Медицинскиот факултет во Белград. Таткото генерал кој нижел победи го обожавала, а тој како негова миленичка лудо ја сакал. Неколку недели пред да почине во март 19994 година Ана заминала во Москва од каде се вратила поинаква, тажна, нерасположена и депресивна.Како да сакала да му порача на татко и: се убив заради тебе. Ратко Младиќ никогаш не го прифати фактот дека ќерка му извршила самоубиство, повторуваше дека станува збор за убиство, велел дека таа никогаш не би ја земала Заставата бидејќи знаела колку тој пиштол му значи.









