Јованка Броз не дочека крај на тридецениската оставинска постапка за да добие нешто од наследството на Тито, а бидејќи постапката продолжува и по нејзината смрт, правни следбеници ќе бидат нејзините сестри Нада и Зора.
Како што за „Блиц“ изјавила Бојана Павловиќ-Сариќ, роднина и правна застапничка на Јованка Броз, оставинската постапка нема да биде прекината.- Наследнички се нејзините родени сестри Нада и Зора. Ќе бидат доставени докази за сродството така што нема причина постапката да биде прекината – изјавила Павловиќ-Сариќ.
Јованка Броз досега до судот вложила неколку поднесоци со список на нејзина лична сопственост, во рамките на која, меѓу другото се и накит, скулптури, слики, книги автомобили…
Повеќето од работите биле стечени во брачната заедница со Тито и се наоѓале во белградската резиденција на Ужичка 15 од која Јованка била исфрлена два месеци по неговата смрт.
Наследството на Тито требало да биде поделено помеѓу Јованка и на неговите синови Мишо и Жарко. Бидејќи Жарко е починат, делот на Тито го наследуваат неговите правни наследници, децата Јошко, Златица, Светлана и Едвард.
Тито и Јованка на поседувале недвижен имот, а се што им припаѓало било похрането во сефовите на НБС, кои се отворени пред неколку месеци, но нивната содржина се уште не е позната.










