Триесет и едногодишната Американка, шефица на полициската станица во предградие во Вашингтон, среќата ја пронашла на српска слава кај заеднички пријател, покрај 46-годишен угостител од Љубиње. Жељко Милојевиќ веднаш почувствувал дека запознал некој кој е за него посебен.
„Штом таа дојде почувствував некоја… нешто што ми укажуваше на некаква хемија, флуид“ – открива идниот младоженец од Србија.
На Жељко ова му е втор брак, а бидејќи во Америка заминал на лечење на повредите со кои се здобил во текот на војната, новата врска ја смета за дар. Сличен став има и српската снаа Латривиет, инаку ќерка на локален свештеник. Заедно не се грижат за мислењето на другите.
„Не обраќам премногу внимание на реакциите на другите луѓе, па така и на работа, каде запознавам многу луѓе. Го слушав срцето, разговарав со моето семејство и со Бога“ – ја брани својата одлука Латривиет.
По враќањето во Америка планираат венчавка, и ќе останат таму додека Латривиет не ги заврши мастер студиите по конфликти, а Жељко не се опорави од операцијата која го очекува. Потоа, велат дека ќе видат каде е најдобро за двајцата.