Врховниот суд му забрани на Субрата Рој да ја напушти Индија


Врховниот суд и’ порача на компанијата “Сахара”: “Нема бегање и парите мора да се платат, не можеме веќе да ви веруваме”

51B2F153378ED9408F61DC228FB62CCBВрховниот суд вчера и’ нареди на “Сахара груп”, компанијата на милијардерот Субрата Рој да ги предаде тапиите на своите имоти вредни 20.000 крори (околу 4 милијарди долари) на регулаторното тело СЕБИ во рок од три недели.

Врховниот суд, исто така, соопшти дека ако “Сахара груп” не ги предаде тапиите во рок од три недели, тогаш Субрата Рој и други директори не можат да ја напуштат земјата без негова дозвола.

“Нема бегање и парите мора да се платат. Си дозволивте премногу да се криете, веќе не можеме да ви веруваме”, соопшти судот.

“Сахара” треба да ги предаде документите за сопственост на СЕБИ до 11 ноември, а Врховниот суд ќе го разгледува случајот на 20 ноември.

Повеќе за случајот на Субрата Рој во Индија во Утрински Весник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1