Утрово околу 5:40 часот воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во машко лице пред влезот на железничката станица во Велес, пренесува Денешен.
Според првичните информации, мажот лежел на пругата кога во него удрил возот.
Со повреди веднаш бил пренесен во велешката болница, каде се наоѓа во контактибилна состојба.
Полициските екипи работат на увидот, како и на утврдување на идентитетот на повредениот.