37 – годишниот прилепчанец М.М. физички се пресметал со сопственикот на прилепскиот ноќен клуб „Престиж“. На 21 септември, М.М. го удрил газдата и му ја скршил вилицата, соопштува полицијата.

Насилникот кривично ќе одговара за стореното. Полицијата од Прилеп му поднесе кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда.