Пет пластични бараки изгореле во пожар што избувна доцна попладнево околу 17 часот и 15 минути до Зелениот пазар во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Маријан Јосифовски.
Во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила на Тетовската територијална противпожарна единица и во моментов пожарот е ставен под контрола.
Полицијата го обезбедува местото по што се очекува подоцна да започне и увидот за причините за пожарот.
Според првичните информации, едно лице е повредено кога се обидело да влезе во еден од објектите и да го гаси пожарот.
Проценките се дека материјалната штета е голема бидејќи во два објекти биле сместени чајџилница и ќебапчилница, додека другите три не биле отворени.