Шеесет и шестгодишен ловџија од Охрид е човекот кој утрово беше нападнат од мечка. Тој завршил со сериозни повреди, но се наоѓа надвор од животна опасност.
Ловџијата бил на лов во Дебарца, во околината на селата Песочан и Ново Село, кога одеднаш го нападнала мечка и му нанела тешки повреди.
Веднаш по нападот на ловџијата му била извршена хируршка интервенција, а лекарите се надеваат дека состојбата на повредениот ќе се стабилизира.