Што ќе контролира Кулата на Водно – дали власта ќе прислушкува? (ВИДЕО)


СДСМ денеска ги повика премиерот Никола Груевски, и Агенцијата за електронски комуникации, на јавноста да и’ ја соопштат намената на планираната милионска Кула на Водно, пренесува Sky.mk

telekomunikaciska-kulaVodno

– Дали тоа ќе биде кула за мониторинг, како што е декларирана или ќе биде предавателен пункт за радиодифузија и други комуникациски уреди и служби? – праша на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Експертските стандарди, според Манчевски, укажуваат дека не постои случај каде што на иста локација има и предавателни и мониторинг уреди. Mинимално дефинираното растојание од предаватели до мониторинг станица е од 600 метри до 2 км, во зависност од фреквенцијата и моќноста, рече Манчевски, додавајќи дека Владата и АЕК ја планираат Кулата на Водно помеѓу столбовите на ВИП и ОНЕ, меѓу кои нема ниту 50 метри растојание.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали партијата има дополнителни информации и дали преку тие уреди ќе се прислушкува, Манчевски вели:

„Во последно време навистина кружат различни информации околу тоа за што ќе се користи кулата. Како на пример, дека ќе биде дадена на радиодифузерите за користење, додека се монтира некаков вид на прислушна опрема. Навистина не знаеме, преголема е контроверзата и затоа ги повикуваме да дадат точни информации. Видете, можеби се’ е во ред, но додека оставаат одреден ваков вакуум простор, шпекулациите само ќе растат.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1