Група пијани француски тинејџери во градот Бордо украле лама од локалниот циркус и ја качиле во трамвај каде веќе не можеле да ја контролираат.
Петте тинејџери велат дека случајно се нашле во затворениот циркус каде си поиграле со животните и решиле да ја земат ламата по име Серж со нив. Најпрво сакале да земат зебра, но таа се покажала како тврдоглава и на крај ја земале ламата.
– Шеташе со нас мирно, како што би шетало едно добро куче – кажал еден од „храбрите“ момци.
Но, кога ламата им се оттргнала од контрола, патниците се исплашиле и го пријавиле инцидентот кај контролорите во возилото. Иако биле уапсени тинејџерите биле ослободени а Ламата вратена во циркусот , дури и учествувала во преставата дента по бурната ноќ.