30 гондоли ќе се вртат над Вардар – ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО вредно 12 милиони евра ќе се гради догодина


Изградбата на панорамското тркало кај Камениот мост се предвидува да започне идната година и да биде готово во 2018 година.

panoramaЗа да се реализира оваа атракција, ќе бидат потребни 12 милиони евра. Ова стои во одлуката на јавното сообраќајно претпријатие ЈСП кое ќе стопанисува со објектот, а која на усвојување пред советниците на Град Скопје ќе се најде на седницата в петок, пишува Вечер.

Во техничките карактеристики на панорамското тркало се предвидува триесет гондоли да се вртат над Вардар на висина од 73 метри од брегот на реката. Во гондолите ќе може да се возат осум возрасни луѓе и две деца. Една гондолата ќе може да издржи товар до 750 килограми. Максималниот број на патници што панорамското тркало ќе може да го користат е 300, односно 240 возрасни и 60 деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1