Поранешен сообраќаен полицаец Дејан Тадиќ, кој е суспендиран од работното место поради тоа што пуштил неказнето пијан возач, поднел кривична пријава до судот во Чачак против самиот себе, до своите колеги и полициското раководство
На оваа постапка се одлучил откако дознал дека против него јавното обвинителство ќе покрене обвинение, затоа што не пишал пријава на возач кој имал 0,31 промил алкохол во крвта.
Тој за српските медиуми вели дека вакви случаи во полицијата имало многу во неговата 20 годишна кариера, а тоа било правено и по наредба на полициското раководство.
„Како доказ до обвинителството приложив многу службени налози со кои само ги опоменува пијаните возачи. За обвинителството тоа не било доволно и мојата пријава е одбиена. Пријава поднесов и против себе, бидејќи сум направил илјадници вакви прекршоци “, раскажал Тадиќ.









