Новинарот Томислав Кежаровски доби куќен притвор


Новинарот Томислав Кежаровски доби куќен притвор, соопшти Основниот суд.

Во соопштението се вели:

kezarovskiSudenje-685x320Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлогот за укинување на мерката притвор определена против обвинетиот Томислав Кежаровски од Скопје поднесен преку неговиот бранител, со решение КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски и му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 07.11.2013 година до правосилноста на пресудата КОК.бр.51/13 од 21.10.2013 година, односно до започнување со издржување на изречената казна затвор.

Жалбата против решението КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година не го задржува извршувањето на истото, соопштува Судот.

Нова Тв

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1