Раде Љубосавлевиќ, таткото на скоро починатиот македонски пејач Дуле, за Вест изјавува дека малку му фалелео да ја удри сопругата на Дуле на доделувањето на признанието на општина Штип.
-Прво, сопругата на Дуле непокането дојде на пригодната седница на Штипскиот совет. Покана од Општината имав само јас, но решив признанието да го прими неговата сестра, која многу го сакаше и го почитуваше Дуле. Дуле, исто така, најмногу од сите ја сакаше Марија. Кога видов дека сопругата и го зема признанието ми идеше да ја треснам. Уште во ушите ми ѕуни нејзиниот одговор по телефон кога Дуле беше болен. И реков да оди да ги земе резултатите од болница, а таа арогантно ми одговори, „Јас не одам, тој нека си ги земе“, револтирано и со насолзени очи раскажува таткото на Дуле за Вест.
Целосната изјава прочитајте ја на електронското издание на Вест.