Паѓа со брзина од околу 13 километри на ден а каде ќе падне се уште не е познато.
Никој не знае каде делови од сателитот ГОЦЕ ќе паднат, но се претпоставува дека ова веројатно ќе биде во океанот или во ненаселена област. Се очекува дека во текот на денот или најдоцна утре да влезе во атмосферата, јавува CNN.
Европската вселенска агенција вети дека на својата веб-страница ќр објави листа на можни места каде што може да падне ГОЦЕ, откако ќе се во можност да бидат поконкретени околу можните локации. Просторот над кој се наоѓа сателитот можете да ги пратите на страницата на ESA.
Нема потреба да се грижите за неговите остатоци, бидејќи тие немаат нуклеарната енергија. За разлика од други сателит, ГОЦЕ се движел со енергија од соларни панели. Оваа енергија пресуши на 21 октомври, а траеше подолго од колку што се надевале.
Поолемиот дел од сателитот тежок 1.100 килограми ќе изгори во текот на влегувањето во атмосферата но околу 50 негови делови и околу 25 отсто од масата ќе падне на земјата или во океан.