Новинарот и сопственик на списанието „Капитал“, Љупчо Зиков, ќе ја предводи Алијансата за позитивна Македонија.
Зиков, на денешното основачко собрание на Алијансата, како единствен кандидат за претседателската позиција, беше избран со акламација.
Бизнисменот Минчо Јорданов е избран за претседател на Советот на Алијансата за Позитивна Македонија.
Иницијатори на создавањето на Алијансата за позитивна Македонија се Минчо Јорданов, Владо Бучковски и Љупчо Зиков.