Ако не сакате „милом“ ќе сакате „силом“ – Мадуро нареди попусти во продавниците во Венецуела (Фото)


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро нареди „окупација“ на тамошните продавници на техничка стока откако инспектори открија „лихварство“ поради што наслението вчера навали да купува таков вид стоки по значително намалени, „фер цени“.

maduro venezuela„Окупацијата“ на трговскиот синџир Дака во која учествуваше и националната гарда и армијата, Мадуро ја најави во петокот навечер преку телвизија.

Потоа, околу продавниците на Дака во Каракас се направија долги редови на жители за што националната гарда мораше да ред давајќи има на купувачите броеви.

Дел од гардистите носеа и автоматско оружје.

Инспекторите пред два дена утврдиле „лихварско однесување“ во Дака и презеле контрола врз тој приватен синџир, а Мадуро потоа нареди тие продавници и складишта вчера да бидат отворени и стоките да се продаваат по „фер цени“.

_71019679_019928830-1– Не оставајте ништо на рафтовите. Не оставајте ништо во складиштата, изјави Мадуро кој од средата најави строга контрола врз паричните трансакции.

Тој нареди армијата да затвори продавници чии сопственици трупаат залихи на производи или спекулираат со цени.

Според локални медиуми, дури и противниците на Мадуро искажале симпатии за неговите последни мерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1