Нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ од Скопје, како дел од нивната подводна експедиција во водите на езерото Матка, денеска најдоа остатоци од темели за кои се верува дека се од стара македонска црква.
Оваа акција имаше за цел да ја истражи и документира структурата на дното на езерото, каде под просторот на денешното село Козарево пред неколку месеци беше пронајден влез за нова пештера, а во нејзина близина беа пронајдени ѕидови со цртежи кои се претпоставува дека се од стара Македонска црква.
– Пред да се изгради браната на езерото Матка, на овој простор постоел таканаречениот Пат на силата, кој бил најкраткиот пат до денешен Македонски брод, односно го спојувал северо-источниот со југо-западниот дел на Македонија. Меѓутоа со надоаѓањето на водата и издигнувањето на езерото и браната Матка сето она што постоело на овој предел било покриено со вода. Затоа нашата акција беше да ги лоцираме, истражиме и мапираме сите археолошки места, рече Киро Ангелески, претседател на клубот „Врело“.
Додаде дека нуркачите и во следните денови ќе ја продолжат експедицијата за да ги пронајдат бараните примероци кои понатаму би се предале на релевантни институции за понатамошно испитување и утврдување дали навистина станува збор за темели на црква и од кој период датираат тие.
Оваа акција освен истражувачки карактер за прибирање и документирање на археолошки артефакти имаше и еколошка цел. Учесниците во акцијата успешно мапираа и локации на кои има отпад. Таму беа пронајдени гуми од автомобили, метални буриња од платформи, делови од железни конструкции, стари потонати чамци, крупен плас