Дамки од кармин
Карминот е ефективен при заведување, но се претвара во вистински кошмар кога ќе се пренесе на облеката.
Во таков случај, спасот ќе го пронајдете во белиот леб. Отстранете ја кората од лебот, од средината направете грутка, а потоа тријте ја дамката се додека таа не се отстрани.
Дамки од мастило или фломастер
За отстранување на овој вид на дамки, најпрво нанесете лак за коса, а потоа нанесете средство за дезинфекција на раце. Оставете да делуваат десетина минути, а потоа облеката ставете ја да се пере во машина на висока температура.
Дамки од трева
Овие дамки можете да ги исчистите со комбинација на хидроген и средство за миење садови. Исто така многу корисна се покажа и комбинацијата од хидроген, сода бикарбона и топла вода.
Восок
Едноставно е. Преку восокот ставете весник, а потоа поминете со пегла.
Дамки од крв
Акрилни бои
Најпрво тријте со пешкир натопен во алкохол, а потоа со сунѓер.
Ви нудиме повеќе решенија за отстранување на овие дамки
– На дамката нанесете сол во поголемо количество, така што солта ќе го впие виното. Ова ќе ви помогне доколку реагирате во истиот момент
– И овде помага мешавина од хидроген и сапун
– Доколку дамката е сува, нанесете пена за бричење, а потоа облеката исперете ја на вообичаен начин
– Исто така можете да ја отстраните доколку ја триете со бело вино или водка
Сепак, колку побрзо реагирате, толку побрзо дамката ќе исчезне.
Извор –boza.mk