Уште еден малолетник од Скопје синоќа бил нападнат среде улица во центарот на градот.
Според информациите од полицијата, се работи за 14-годишниот В.А. кој бил претепан околу 17 часот кај хотелот Холидеј Ин, од страна на група од 6-7 насилници.
Момчето завршило со раскрварен нос и модринки по телото.
Полицијата трага по сторителите, а случајот во полиција го пријавиле родителите на момчето.