Сахара груп ја купи најскапата кола во Македонија, па нејзиниот сопственик Субрата Рој ќе се вози во бентли од пола милион евра…, објави Вест.
Луксузниот и моќен автомобил „бентли мулсан“ (Bentley MULSANNE) пред една недела пристигна во салонот на „Порше Македонија“.
Станува збор за најновата изведба на овој модел од класата Grand Tourer.
Автомобилот може да се креира и по желби на сопственикот. Купувачите имаат избор од 114 бои на каросерија, 21 боја за внатрешноста, 9 варијанти на дрво и 24 вида кожа. Сопственикот има можност возилото да го обликува по сопствен вкус, па затоа изработката на еден ваков автомобил трае просечно 9 недели.
Задржан е V8 моторот од 6,75 литри, со моќност од 505 коњски сили, кој за разлика од другите модели е полесен и модифициран со цел да ја зголеми економичноста.
Моделот Bentley MULSANNE е долг 5,575 метри, широк 2,2 метри и висок 1,5 метар. Тежок е 2.600 килограми. Името Мулсан е добиено по најдолгиот свиок од познатата тркачка патека Ле Ман во Франција.