Итни тимови ќе се справуваат со загадена храна


Смртоносен вирус во храна го коси поголемиот дел од населението, а јачменот наменет за сточна храна е затруен со опасна бактерија. Биолошко оружје од непознато потекло без контрола се шири низ земјава и ги загадува житните култури.

hrana otrovНе станува збор за сценарио за хорор-филм што треба да се снима, туку за можна ситуација со која секоја држава треба да биде подготвена да се справи. Македонија првпат донесе петгодишен општ план за управување со кризи од областа на безбедноста на храната, кој веќе е објавен во „Службен весник“ и стапи во сила, пишува Дневник.

Што се прави во случај кога граѓаните се соочени со ризици како резултат на небезбедна храна? Според Планот, ако се појави криза, најбитно е најпрво да се обезбеди систем на доверливост кој ги насочува информациите и активностите што се преземаат за да се отстрани евентуалниот загрозувач на здравјето на луѓето. Се прави мобилизација на персоналот, сите добиваат посебни задачи, се дава одобрување за користење на ресурсите, се воспоставуваат зони на дејствување и се известуваат сите органи што треба да помогнат брзо и ефикасно да се отстрани кризата или животно загрозувачката состојба за луѓето и за животните. Веднаш се реагира ако има состојба намерно или случајно предизвикана, а има ризици за здравјето на луѓето и на животните при производство, увоз, извоз или дистрибуција на храна. Општиот план се применува кога ризиците не можат да се елиминираат или да се стават под контрола со редовните активности на официјалните ветеринари или инспектори со храна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1