Македонка не смее да влезе во Европа поради Грците – не и кажуваат зошто


Три години затворена во Македонија и отсечена од семејството, 45-годишната делчевка Лила Арсовска не смее да ја напушти државата, бидејќи ставена и е забрана за влез во Шенген зоната. Како дошло до забраната и зошто и е ставена, таа не знае, пренесува Тв Стар.

pasosАрсовска тргнала за Грција на гости кај родениот брат, кој таму живее 25 години, но на граничниот премин Евзони и рекле дека не смее да влезе поради забрана од Конзулатот. Од таму пак, и објасниле дека проблемот е што нема М1 и М2 обрасци, а Арсовска тврди дека има 26 години работен стаж, но тоа не може да го докаже.Сестрата на Лила живее во Австрија, нејзиниот брат во Грција, и за разлика од порано, веќе со години не може да отиде да ги види најблиските.

 Огорчена од бирократскиот  лавиринт на институциите што го поминувала повеќе пати, таа се чувствува и понижена и секогаш како криминалец, кога и да се обиде да излезе од државата.

Арсовска вели дека ја третираат како дилер и дека за шопинг, оди во Бугарија. Целиот нејзин живот таа нема направено никакво кривично дело, ниту пак е била вмешана во било каква судска постапка.

Од МНР денеска не успеавме да добиеме одговор зошто македонската државјанка не може да ја напушти државата и до кога ќе трае нејзината забрана. Останува да чекаме, дали јавно побараната помош ќе допре до надлежните, па Лила конечно, ќе отиде на посета на своето семејство.

Видео на – tvstar.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1