Освен хемиска кастрација и доживотен затвор за педофилите


Владата на вчерашната седница ги усвои измените во Кривичниот законик со кои се предвидува заострување на казнената политика. Ако за делото е пропишана казна доживотен затвор, судот педофилот може да го осуди на 40 години затвор, но под услов тој да се согласи на хемиска кастрација. Или пак ако е осуден на 40 години зад решетки, казната може да му се намали на 20 години ако се согласи на медицински третман.

pedofil siluvanje– Мерката медицинско-фармаколошко лекување ќе се извршува на слобода во специјализирани медицински установи по издржување на казната затвор, а надзорот на извршувањето на мерката ќе го спроведува Управата за извршување санкции, која има обврска најмалку еднаш во шест месеци да го известува судот за извршувањето на мерката и за потребата од нејзино продолжување или прекинување – изјави Диме Спасов – министер за труд и социјална политика.

Хемиската кастрација според новите измени може да се изврши и присилно ако педофилот повторно нападнал. Освен воведувањето хемиска кастрација, се зголемуваат и минималните казни. Ако досега за полов напад врз дете до 14 години најмалата казна беше 8  години затвор, сега ќе биде 12. Ако при обљубата настапила тешка телесна повреда или смрт досегашната казна од минимум 10 години до доживотен затвор се заменува со построга – најмалку 15 години затворска казна до доживотен затвор. Овие измени ќе стапат на сила откако ќе бидат изгласани во Парламентот. Во Регистарот за педофили досега се заведени 137 злоставувачи на деца. Новите законски измени нема да важат ретроактивно, освен ако некој од нив по напуштањето на Идризово го повтори делото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1