Две лица за кои постои сомнение дека се поврзани со инцидентот се повикани на службен разговор во полиција. Доколку се докаже дека учествувале во инцидентот ќе им бидат поднесени соодветни пријави – изјави полицискиот портпарол Котевски.
Полицаецот во кој дрвокрадците удриле со нивното возило наместо да застанат на повиците на полициската патрола, е тешко повреден. Скршени му се двете нозе.
Инцидентот се случи вчера во близина на скопско Количани.
Крадците со џип Лада нива намерно го удриле полицаецот на локалниот пат кон Драчево.
Полицаецот во обид да ги запре бил прегазен и со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар.









