СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против лицето Т.В.(26) за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Пријавениот вчера околу 15.30 часот на локалниот пат во село Долно Количани, Драчево, додека полицаец од ООП 2Југ“, заедно со колега вршеле служба по наредба, наместо да сопре со возилото што го управувал „лада“ без регистарски таблички со прикачена товарна приколка, на сигнализацијата на полицискиот службеник, продолжил да вози и тоа во правецот каде што стоел полицискиот службеник по што го удрил со возилото. Од ударот полицискиот службеник паднал на земја успеал да го извади службениот пиштол и да испука еден куршум во воздух.
Пријавениот пак заедно со лицето С.Н. (38) кој бил на совозачкото место продолжил да вози и го напуштил местото на настанот.
Синоќа околу 21 часот во Полициската станица во Драчево Т.В, заедно со С.Н. се самопријавиле во полициската станица.
СВР Скопје изврши увид на лице место, од каде се подигнати траги и една чаура од испукан куршум и истите се предмет на вештачење заедно со возилото со кое е извршено кривичното дело. Кај полицискиот службеник констатирани се тешки телесни повреди и тој е хоспитализиран.