Се поголем број сириски бегалци во Либан преживуваат благодарејќи на илегалната продажба на своите органи, пишува денеска германското списание „Шпигл“.
Околу милион Сиријци побегнаа во Либан од почетокот на сирискиот конфликт и повеќето од нив се на работ на преживување. Очајни и без никакви приходи тие се принудени да ги продаваат своите органи. Тоа е опасен и илегален бизнис, кој моментно цвета поради што се повеќе криминални банди и нивни посредници ги посетуваат бегалците, наведува весникот.
Весникот се повикува на сведочењето на Сириецот Абу Хасан, кој работи за една банда специјализирана за трговија со бубрези.
Повеќето купувачи, кои претходно за еден бубрег плаќале меѓу 12.000 и 15.000 долари, потекнуваат од арапските земји, но и од САД и Европа.
Сиријците, главно на возраст меѓу 14 и 30 години, продаваат еден бубрег за 7.000 долари, додека посредникот зема провизија од 600 до 700 долари за секоја организирана продажба.